Нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ што не е спорна, наместо притисоци, опозициската партија да ги остави институциите да ја завршат истрагата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

ВМРО-ДПМНЕ постојано има проблем кога треба да работи според законите, а тоа е видливо и за време на изборните кампањи. Речиси и да нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последните години која што не е спорна и од законски и од етички аспект.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која докажано расипнички ги троши парите на граѓаните кога е на власт, но и кога е во опозиција, преку средствата од буџетското финансирање на партиите.

Нереформираната опозициска партија е последната која може да говори за медиумите, затоа што токму таа 11 години затвораше медиуми, апсеше и притвораше новинари, а државата беше на дното по медиумски слободи.

Бадијала е лицемерната загриженост за медиумите во белиот дворец и притисоците врз обвинителството. ВМРО-ДПМНЕ да ги остави институциите да ја завршат истрагата за изборното рекламирање и да го почекаат исходот од истата.