Инвестираме во развој и унапредување на инфраструктурата во Град Скопје, се реконструираат и пробиваат нови улици, се зголемуваат зелените површини

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ и на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката сообраќајна инфраструктура.

На територија на Град Скопје се одвива засилена градежна офанзива во реконструкција и пробивање и изградба на нови улици.

Започна изградбата на улицата Есенинова која ги поврзува општините Кисела Вода, Аеродром и Центар. Со пробивањето на оваа нова сообраќајница, која е трето поврзување меѓу Аеродром и Кисела Вода значително ќе се намали сообраќајниот метеж во тој дел од градот.

Интензивно се работи и втората фаза од изградбата на булеварот АСНОМ со мост преку Вардар кој ќе ги поврзува општините Аеродром, Центар и Гази Баба како модерно булеварско решение со 6 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и ново булеварско зеленило.

Реконструкција започнува на клучните булевари во Скопје и тоа булеварот Александар Македонски во Гази Баба, на потегот од Хиподром до поранешниот саем во Автокоманда во должина од 5 километри, Видое Смилевски Бато во Аеродром од крстосницата со булевар Февруарски поход, до крстосницата со булевар Србија, како и 8ми септември во Карпош.

Голем градежен зафат се одвива и во општина Центар, каде во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски, со целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари.

На територијата на општина Чаир, во моментов се работи на реконструкција на улицата Џон.

Истовремено во градот Скопје се подигнати и обновени зелени површини на над 117.000 квадратни метри, од кои од особено значење се подигнатите паркови на местото на некогашните диви депонии во Кисела Вода со површина од околу на површина од околу 18.000 квадратни метри и во Аеродром на површина од 8.000 квадратни метри, а активно се работи на паркот на местото на дивата депонија во Карпош 4 што ќе се протега на површина од околу 60.000 квадратни метри.

Одговорно и посветено продолжуваме со реализација на проектите за поквалитетен живот на граѓаните, за развој и унапредување на инфраструктурата во градот Скопје и градските општини.

Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки со цел обезбедување на одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните.