Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Единствени кои имаат страв од народот, страв од сопственото членство се губитникот Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако во белиот дворец се уште не стигнале вестите, ги информираме дека пред само два месеци, народот на фер, слободни и демократски избори по трет пат ги порази погубните и деструктивни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту едно соопштение со кафеански прессметки на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие фактот дека се води истрага за нивното рекламирање и дека секоја нивна изборна кампања или е спорна или завршува со огромни минуси на изборните сметки.