fbpx

Успех за јавното здравство – Република Северна Македонија меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ со континуирано инвестирање и унапредување на здравствениот систем, вложувањата во болничките капацитети, набавките на нова современа медицинска опрема, зголемување на платите на лекарите, медицинските сестри и помошниот технички персонал, новите вработувања, го подигнува нивото на здравствената заштита на пациентите.

Потврда е и најновиот извештај на УНИЦЕФ, според кој Република Северна Македонија е рангирана меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца. Нашата држава оствари најдобри резултати, во споредба со сите држави во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд , во намалувањето на стапката на мртвородени деца.

Ова е огромен успех за македонското јавно здравство, за стручноста и пожртвуваноста на здравствените работници и меѓусекторската соработка на Министерството за здравство, Клиниката за гинекологија и акушерство, УНИЦЕФ, УНФПА и Светската здравствена организација за унапредување на перинаталната грижа.

Како одговорна партија СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да вложува во зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Градиме силен и ефикасен здравствен систем.

Последни вести