fbpx

„Викенд без ДДВ“ тројно го зголеми прометот на македонски производи, повеќе пари се враќаат кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мерката Викенд без ДДВ, која се реализира од 10 до 12 октомври претставува голем поттик за домашното производство и истовремено ги враќа парите кај граѓаните, обезбедува заштеда за потрошувачите, во форма на поврат на целиот данок на додадена вредност за купените домашни производи и ИТ опрема.

Само на првиот ден од реализцијата на оваа мерка тројно е зголемен прометот на македонски производи, покажуваа податоците на Управата за јавни приходи.

Според проценките, преку оваа мерка за три дена ќе се оствари промет од барем 170 милиони евра, пари, а кон граѓаните ќе бидат вратени најмалку 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

За да се реализира целосниот поврат на данокот на додадена вредност, фискалната сметка издадена за време на „Викенд без ДДВ“ ќе мора во рок од три дена да се скенира преку апликацијата МојДДВ.

Целосниот пресметан ДДВ ќе им биде исплатен на граѓаните на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена, односно до крајот на месец октомври.

Викендот без ДДВ се спроведува за првпат во нашата држава, како дел оперативните мерки предвидени во четвртиот пакет антикризни мерки креирани и усвоени од Владата предводена од СДСМ.

Проектот „Викенд без ДДВ“ значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет.

Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици.

СДСМ продолжува посветено да работи во интерес на граѓаните, на економијата и на државата.

Последни вести