Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ со ребалансот на буџетот, кој е влезен во собраниска процедура, на одговорен и рационален начин обезбедува сериозни средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата.
Реализацијата на мерките од четвртиот пакет ќе придонесе за подобрување на вкупниот економски резултат, односно амортизирање на социо-економскиот удар од пандемијата со коронавирусот оваа година, додека за следната година се очекува заздравување на економијата и економски раст.
Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе бидат искористени за помош и поддршка на економијата, за спас на работни места и зајакнување на приватната потрошувачка.
Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати во последните три месеци од годинава и ќе се помогнат 83.000 работни места.
27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички од по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги
Предвидени се грантови за туристички агенции, ресторани за свадби и игротеки за деца, во вкупна вредност од 5.4 милиони евра.
Само преку овие три мерки над 100 милиони евра завршуваат директно кај стотици илјади граѓани, како помош во справување со негативните последици од коронакризата.
Со пакетот се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, за Викенд без ДДВ, за државна и царинска гаранција.
Се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата КОВИД 1 и дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите.
Во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, државата застанува зад секој поединец, зад секоја компанија.
Од почетокот на кризата, Владата предводена од СДСМ покажува континуирана и вистинска грижа за граѓаните и стопанството.
СДСМ како одговорна партија, продолжува да работи, за ублажување и надминување на последиците од економската криза.