Соопштение за јавност
СДСМ победува, но покажува капацитет и одлучност, постојано да се менува, партијата станува се повеќе транспарентна, се поблиска до членството и граѓаните, порача претседателот Зоран Заев во своето обраќање на 25. Конгрес на СДСМ, кој за првпат се одржува дигитално, на далечина.
„Со новите предлог статутарни измени кои денеска се пред вас почитувани делегати, сакаме да обезбедиме уште поголема демократизација, уште поголема инклузивност и нова, позитивна трансформација на функционирањето на органите на СДСМ. СДСМ е првата партија во нашата држава која на следниот Конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно, секој член ќе може да гласа и дирекнто да одлучува кој и како ќе ја води партијата. Првите вакви избори е планирано да се одржат веќе следната година, кога истекува мандатот на ова раководство.
Со предлог измените кои денеска се пред делегатите воведуваме родова еднаквост меѓу мажите и жените, во органите на партијата. За прв пат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија се регулираат како трајни и статутарни форми на организирање, чие постоење не зависи од политичката волја на моменталното раководство. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас. На сите нивоа, државно, градско и општинско. За првпат, СДСМ ќе добие и Форум на пензионери.
Статутарните измени предвидуваат и зајакнувања на капацитетите и овластувањата на Форумот на жени, Социјалдемократската младина на Македонија, Организациониот секретар, Секретарот за меѓународна соработка, како и Комисиите на партијата.
Конечно, со на овој Конгрес, СДСМ впишува црвената боја, како своја боја, тоа е бојата на социјалдемократијата, на победата, на левицата, бојата на слободата, бојата на животот, тоа е бојата на македонската иднина. Новит лик на СДСМ не се случи преку ноќ – заедно, напорно работевме сите наши членови, годините наназад и успеавме. Имаме силен СДСМ, динамичен, моќен, цврст, стабилен, прогресивен. Тоа е нашиот бренд. Цврст, моќен и прогресивен СДСМ, партија и организација која ги следи најновите европски патокази на Европската социјалистичка партија“ посочи Заев.
Претседателот Заев истакна дека измените на Статутот ја прават СДСМ уште поодговорна и поевропска партија и изрази уверување дека предложените измни ќе бидат усвоени.
„Преку овие измени на Статутот СДСМ станува уште поодговорна, уште поевропска и помодерна партија посветена на реалзиација на мерки и политики што значат подобра иднина за сите. Очекувам дека низ плодна, аргументирана дебата тие ќе бидат усвоени од страна на Конгресот. Би сакал да се заблагодарам на Прогрес Институтот за Социјална Демократија за помагањето на работната група при изготвувањето на статутарните промени, а со тоа и на нашите партнери, Меѓународниот Центар Олоф Палме од Шведска.“заклучи Заев.