Николовски на Сител: Оставете ги домашните славења, да бидеме одговорни кон здравјето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ на вестите на телевизија Сител, одговараше на прашања за здравствената криза со Ковид 19. истакна дека приоритет останува почитувањето на мерките предложени од лекарите.

„Да ги почитуваме мерките на Комисијата за заразни болести. Граѓаните имаат голема доверба во лекарите. Сите ние се поставивме посветено и стручно изминатиот период. Да не ги кочиме измените во законите и со тоа да ја подобриме заштитата од вирусот. Мора инспекциските служби да имаат поголеми овластувања. Токму оваа законска измена е во насока на заштита на здравјето. Очекувам дека деновиве ќе се донесат законските измени. Има разбирање од политичките партии и воопшто не треба да преговараме за мерки кои навистина ќе не заштитат.“- изјави Николовски на Сител.

Тој потенцираше дека во моментов е најважно да се носи маска и да се држи дистанца и со тоа да се даде колективен придонес во заштитата од вирусот.

„Не сметам дека во моментот мерката со полициски час ќе даде поголеми резултати, да се обидиме да ги почитуваме доследно овие мерки со носењето маски и држење дистанца. Да ги оставиме на страна домашните веселби, групните славења… И сите да сме одговорни кон ситуацијата. Затоа и со дигиталниот конгрес на партијата ние во СДСМ сакавме да испартиме порака дека се однесуваме совесно и одговорно и дека здравјето на граѓаните ни е најважно, заклучи Николовски.