fbpx

Мицкоски постојано ги крши мерките за заштита од коронавирусот, а сега не оди на избори во Штип затоа што се плаши од уште еден пораз

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Губитникот Христијан Мицкоски бега од изборно соочување во Штип, свесен дека го очекува уште еден пораз од граѓаните за неговите деструктивни, безидејни политики, неконструктивното однесување и немањето став за прашањата, клучни за иднината на државата.

Стравот од уште еден пораз и губењето на фотелјата во белата палата, Мицкоски го затскрива зад лажната загриженост за здравјето на граѓаните.

Да се грижеше Мицкоски за здравјето на граѓаните немаше да ги поткопува сите напори во борбата против коронавирусот, со опструкции, критики и лажни вести.

Ни самиот Мицкоски не ги почитуваше мерките за заштита од коронавирусот, одеше по теретани и седеше во кафани, кога тоа беше забрането, а сега оранизира собири, со кои го загрозува здравјето на граѓаните.

Само лицемер како Мицкоски бара вонредни парламентарни избори, а истовремено бега од предвремени локални избори во Штип.

Мицкоски се обидуваше да избега и од парламентарните избори, и тогаш лажеше дека изборите се опасни за јавното здравје.

Но, институциите предводени од СДСМ на изборите на 15 јули покажаа дека може да се спроведе изборен процес целосно безбеден по здравјето на граѓаните.

Граѓаните знаат дека Мицкоски и неговата партија се најголемата закана за здравјето.

Последни вести