fbpx

Блокадите не се во духот на добрососедството, за идентитетот не се разговара, европската иднина нема алтернатива

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање од прес-конференцијата на Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

П: Што доколку се случат најавите на Бугарија за преговорите со ЕУ?

Ние сме кандидати за членство во ЕУ и заслужуваме преговори, сепак, доколку се случи она што го најавува Република Бугарија тоа не ниту во духот на добрососедските односи ниту е во склоп со европските вредности.

За македонскиот јазик и идентитет ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори. Ако сепак се случи да има блокада од Бугарија ние ќе продолжуваме со реформите, исто така ќе продолжиме да разговараме и бараме решение со силата на аргументите.

Нашиот пат е европсккиот пат и нашата иднина е во ЕУ. Нема други алтернативи, ние ќе продолжиме да работиме во таа насока постојано.

 

Последни вести