Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
Уште не е официјализирана, а Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со спотови и песни ја слават потенцијалната блокада од Бугарија за Северна Македонија за ЕУ преговорите.
Типично груевистички, не направија ниту еден чекор напред за европската интеграција на земјава, само кочат.
Така се однесуваа и кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и цврсто се поставија на погрешната страна од државните и национални интереси.
ВМРО-ДПМНЕ и губтиникот Мицкоски треба да знаат: Со НАТО не ви успеаја блокадите и деструкцијата, нема да ви успеат ниту со ЕУ. Македонскиот народ е голем и во мака и во радост, ќе излеземе уште поголеми од овој тежок момент, на кој ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се радуваат.
Ниедна блокада, ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат европската иднина на Северна Македонија и нејзините граѓани.