Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски
Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина, Христијан Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста.
Одамна се прочитани намерите на Мицкоски, тој е против ЕУ, против НАТО, против се што е во интерес на државата.
Целото дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е ставање сопки во клучни моменти и обиди за кочење на напредокот, на државата.
Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес.
Затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција.
Во хистеријата што ја шири Мицкоски никој не верува. За јазикот, за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет се потврдени и признаени.