fbpx

Николовски на средба со градоначалниците од СДСМ: Важен е развојот на општините, да продолжиме уште повеќе да работиме за нашите сограѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва одржа одржа онлајн состанок, редовна координација со градоначалниците од редовите на СДСМ.

На состанокот беше разговарано за работата на градоначалниците, степенот на реализација на програмите за работа на општините, меѓуопштинската соработка, локалниот економски рзвој, како и реализација на проектите поддржани со Ребалансот на Буџетот за 2020 година.

Генералниот секретар Николовски изрази задоволство што и во време на светска пандемија и здравствена криза, единиците на локалната самоуправа продолжуваат посветено да работат во интерес на граѓаните, преку реализација на крупни и важни мерки и проекти.

Николовски се осврна и на поддршката од Владата преку финансирање на капитални проекти во општините, а како последен пример го наведе одвојувањето средсства преку ребаланс на Буџетот, наменети за финансирање на капитални локални проекти.

– Развојот на општините е важен, особено сега во време на коронакриза. Затоа, со ребалансот на Буџетот за 2020 година Владата предводена од СДСМ пренамени 120,6 милиони денари, средства за финансирање на капитални проекти на десеттина општини. Овие средства се распределуваат за реализација капитални проекти во општините Штип, Тетово, Крива Паланка, Кочани, Прилеп, Охрид, Карпош, Центар Жупа, Валандово, Дојран, Демир Капија, Градско. Со ова покажуваме дека Владата препознава и поддржува квалитетни и важни проекти за граѓаните на локално ниво, но истовремено и испраќа порака, градоначалниците, заедно со Советите, со стручните служби во општините да бидат уште повеќе посветени на изработка на издржани и квалитетни проекти кои ќе бидат поддржани од државниот буџет, порача Николовски.

Николовски ја потенцираше и важноста на општините во справувањето со пандемијата со коронавирусот, додавајќи дека во периодот што следува, ќе се помогнат општинските кризни штабови со цел зголемување на нивните капацитети и оперативност.

Со промените на дејствување на СДСМ, во тек е мерит систем на функционирање каде се мониторира и оценува работата на сите функционери на СДСМ, меѓу кои и градоначалниците и ги повика уште повеќе да работат за интересите на своите сограѓани.

Во периодот што следи уште повеќе посветено да работите, да бидете сервис и партнер на ваѓите сограѓани. Нашата мисија е постојано да им служиме на граѓаните и од тоа отстапка нема, заклучи Николовски.

Последни вести