Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ, предводено од неодговорниот Мицкоски, работи против сопствената држава, масовно шири невистини, пласира лажни вести, поттикнува конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.
Наместо да се крие зад партиски соопштенија, да организира таканаречени протести преку кои си ја спасува фотелјата, Мицкоски да излезе и да каже: со кого соработува во Бугарија и за какви цели шири лажни информации Македонија се распарчува.
Хистеријата што ја шири Мицкоски е на штета на сопствената држава и на сопствениот народ во еден период којшто е многу важен за македонската иднина, кога се работи за членството во ЕУ.
Граѓаните одамна го препознаа лажниот патриотизам на самопрогласениот хистеричен Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги пратија во опозиција поради антидржавно и антиевропско дејствување.
Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ напред кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет.