Соопштение за јавност
ВМРО – ДПМНЕ и Христијан „на браникот на криминалот“ Мицкоски може да зборуваат само за кафеани, теретани, прекршување мерки, блокади и опструкции на здравствениот систем.
За друго ем не ги бива, ем не знаат.
Граѓаните многу добро знаат дека хистеричниот Мицкоски среде пандемија затвораше кафеани, прекршуваше мерки и го загрозуваше здравјето на граѓаните.
Неговата министерка во техничката Влада, свесно го блокираше заемот од Светска банка за монтажните Ковид болници.
Неговиот Вело Марковски ги лажеше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски, и што ти уште не.
На сите им е јасно дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е само да наштети.
За тоа кој и колку треба да биде во изолација кажуваат здравствените стручни лица, а не лажговците од ВМРО-ДПМНЕ.