fbpx

Инвестираме во нов урбан лик на градот, од дива депонија изградивме детски парк и игралиште во Аеродорм

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Даниела Николова, од ОО СДСМ Аеродром

Почитувани граѓанки и граѓани,

Градската и општинската власт предводени од СДСМ интензивно вложуваат во урбанистичкото уредување на општина Аеродром.

Моментално се наоѓаме во наслеба Мичирун каде токму на оваа локација, до лани се наоѓаше дива депонија стара повеќе од 20 години.

Минатата година Град Скопје со помош на ЈП Улици и патишта исчисти над 15.000 кубни метри отпад.

На локацијата која зафаќа површина од 6.000 метри квадратни изградивме прекрасен парк со детско игралиште и паркинг простор кој ќе го стопанисува ЈП Градски паркинг со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради.

Во паркот со помош на ЈП Паркови и зеленило се засадени над 530 садници од 8 различни видови ниско и високо стеблесто зеленило.

Овој парк ќе добие и соодветно осветлување и нови рекреативни содржини, но и светлечка уметност која беше претставена на фестивалот на светлината организиран од градот две години по ред.

Почитувани,

Како одговорна партија упатуваме апел до нашите сограѓани да видат грижа за животната средина и да одржуваме чиста и здрава околина.

Во таа насока Град Скопје ќе прави засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање на диви депонии на истите места каде што биле и секое несовесно однесување со отпадот треба да биде најстрого санкционирано.

СДСМ како партија е посветена кон создавање еден поубав град, полн со насмевки и можности. Продолжуваме со континуирано вложување во урбанистичкото разубавување на градот.

Работиме уште повеќе за да биде уште подобро.

 

Последни вести