fbpx

Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за очајното ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност-реакција на прес-конференција на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ

Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, се целосно загубени во времето и просторот, без став, без идеи, без програма, фокусирани само на блокади, на кочења и деструкции на штета на државата и граѓаните.

Интерпелацијата за вицепремиерот Никола Димитров е само продолжение на деструктивноста и очајот на ВМРО-ДПМНЕ и докажаниот губитник Мицкоски.

Затоа доживуваат порази од граѓаните, одново и одново. Никако да ги научат лекциите.

Во клучни моменти за стратешките интереси, дали станува збор за членството во НАТО, дали за членството во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени само на ширење лажни вести, хистерија и поткопување на државните интереси.

За потсетување, интерпелација за Димитров имаше и минатата година. Тогаш, одвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за неа.

Исто ќе биде и оваа година.

Оваа интерпелација ќе биде уште еден пораз за ВМРО ДПМНЕ, Димитров ужива целосна доверба од пратениците на мнозинството, затоа што се бори за државните интереси.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат вака неодговорно кон институциите, кон граѓаните и државата, ќе останат таму каде што се, во опозицја.

Последни вести