fbpx

Градиме по план – во 75 општини ќе се реализираат 99 важни инфраструктурни проекти во вредност од 35 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и во време на глобалната пандемија продолжува со сериозни инвестиции на општинско ниво, со кои се унапредува квалитетот на животот на граѓаните и се поттикнува локалниот економски раст.

Вкупно 99 важни проекти во 75 општини во државата ќе се реализираат со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ.

Со овие средства ќе се финансира изградба на здравствени установи, изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, водоводни мрежи, канализациони мрежи, реконструкција и изградба на градинки и училишта и спортски објекти.

Приоритет на СДСМ е рамномерен регионален развој, инвестиции во проекти важни за граѓаните.

СДСМ како одговорна партија носи мерки и политики што ја движат државата напред и обезбедуваат подобар живот за сите граѓани.

Градиме по план и во време на пандемија.

Последни вести