Соопштение јавност
ВМРО-ДПМНЕ, кои Конески го нарекуваа „џуџето од Небрегово“ а Јаневски го лустрираа, немаат право ниту да глумат загриженост за македонскиот јазик
ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за ликот и делото на великанот Блаже Конески, нарекувајќи го „џуџето од Небрегово“.
За 11 години криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за заштита и унапредување на македонскиот јазик. Напротив, 11 години работеше на всадување измислен антички идентитет, газејќи врз коските на преродбениците, просветителите и кодификаторите на македонскиот јазик, само заради тоа што македонсккиот е дел од групата на словенски јазици.
Навредите кон Конески, политички мотивираната лустрација за Славко Јаневски, пропаѓањето на бројни лекторати по македонски јазик низ Европа, се дел од примерите како ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за македонскиот јазик.
Денес, како опозиција шират лажни вести дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет ќе бидат избришани и погазени.
За разлика од нив, Владата предводена ја враќа честа и славата на светите браќа Кирил и Методиј, на Свети Климент Охридски, на преродбениците како Крсте Петков Мисирков, но и на Кочо Рацин, на Блаже Конески.
5 мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик, се отвора Центар на македонскиот јазик во Љубојно, Правописот на македонскиот јазик се дигитализираше за поголема достапност и поширока употреба дигитализација и постојано се работи на развој и унапредување на употребата на македонскиот јазик.
ВМРО-ДПМНЕ со години гази врз кодификаторите на современиот стандардизиран македонскиот јазик, а денес глуми загриженост со што уште еднаш си го покажува своето антидржавно и антинародно лице.