fbpx

Безобразна лага е дека ВМРО-ДПМНЕ има каква било врска со дејствиата на Чешка и Словачка, оваа партија носи само блокади на интегративниот процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Безобразна лага е дека ВМРО-ДПМНЕ има каква било врска со дејствиата на Чешка и Словачка, оваа партија носи само блокади на интегративниот процес

Тешка безобразна лага се тврдењата на Александар Николовски дека ВМРО-ДПМНЕ извршила некакво влијание во Чешка и Словачка за тие да се спротивстават на блокадата на Бугарија врз Северна Македонија.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски да се кити со туѓи перја, а не е првпат ниту Николовски да шири лажни вести и дезинформации.

Николовски се повикува на Европска народна партија која неодамна имаше Декларација каде беше изнесена поддршка само за Албанија за ЕУ интеграции, а Северна Македонија не беше ниту спомната. Ако навистина Мицкоски, Николовски и ВМРО-ДПМНЕ лобирале како што тврдат зошто немаше јавна поддршка од Европската народна партија за нашата земја каква што имаше од страна на Партијата на европските социјалисти?

Покрај тоа што шири лажни вести, покрај тоа што врши деструкции и работи на штета на државата, ВМРО-ДПМНЕ почна и јавно да лаже дека има моќ да влијае врз земји членки на ЕУ.

Лажни вести, лажен патриотизам, блокади на реформите, блокади на интегративниот процес. Тоа е се што нуди ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Затоа се препознаени како извор на лажни вести и од домашната и од меѓународната јавност, затоа шест пати губат на избори и затоа уште долго ќе останат во опозиција.

Последни вести