Соопштение за јавност
ВМРО ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица наследена од 11 годишното владеење и ништо не ја буди.
Ниту казната од граѓаните којашто ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја добија шест пати во изминатите четири години, ниту разобличените лаги, манипулации демантирани и од странски амбасади, не се доволни за ВМРО ДПМНЕ да го вклучи алармот и да ја научи лекцијата да биде партија на страната на народот.
Нивните блокади и опструкции беа поразени од граѓаните во Штип, а пред само 5 месеци граѓаните ги казнија на предвремените парламентарни избори.
Мицкоски ја доби заслужената казна од граѓаните и на претседателските и избори, на локалните истата година во Охрид и Ново Село, како и на локалните избори кога Мицкоски беше носител на листа на Град Скопје.
ВМРО ДПМНЕ на чело со губитникот Мицкоски, никако да извлече поука и упорно продолжуваат со деструктивните политики кои се на штета и на граѓаните и на државата.
Лагите на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ граѓаните ги препознаваат. Залудни се обидите да препишуваат заслуги за наводни дипломатски успеси или влијание за спротивување на блокадата на Бугарија врз Северна Македонија.
Македонските граѓани знаат дека се` што правеше и прави ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски е спротивно на интересите на државата и на народот. За нив е празник кога државата се соочува со блокада или негативен одговор.
Мицкоски ќе остане запаметен како лидер на македонска партија кој не аплаудираше во Собранието за членството во НАТО, како лидер на партија кој прави се` да наштети на секој напредок на државата и затоа го стигнува казната од граѓаните.
Граѓаните бираат стабилна иднина, довербата им ја даваат на одговорни политичари кои носат храбри одлуки и обезбедуваат подобар живот за граѓаните.