fbpx

Засаден е најдолг црвен дрворед во општина Карпош, се грижиме за животната средина во градот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Наталија Спировска, од ОО СДСМ Карпош

Почитувани граѓани,

Локалната власт на СДСМ поставува нови стандарди во засадување на нови дрвја и зеленило во централните населби. Во Општина Карпош, долж булеварот „8 Септември“ засаден е најдолгиот црвен дрворед, со повеќе од 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести садници.

Градот Скопје интензивно се грижи за надоместување на изгубеното зеленило. Со новиот начин на работа, пешачките и велосипедските патеки се одвојуваат со коридор од ново зеленило, со што се придонесува за поголеми зелени површини и во должина на најфреквентните сообраќајници.

Новите живи огради, жардиниери придонесуваат и за апсорбирање на прашината, како и намалување на бучавата во урбаното јадро.

Долги години, граѓаните на нашиот главен град живееја во сообраќаен хаос, а јавните зелени површини беа узурпирани за потребите на урбаната мафија.

Изминатиов период, Социјалдемократскиот сојуз преку Градот Скопје, локалните самоуправи и јавните претпријатија водат интензивна грижа за да се зголеми зеленилото, а на тој начин да се придонесе и кон намалување на аерозагадувањето.

Во есенската акција на Градот се садат и нови 15.000 висококвалитетни садници, на територија на сите општини. Се вложува и во нови зелени скверови, кои на населбите им даваат нова вредност, а на граѓаните простор за спорт и рекреација.

Во претстојниот период како одговорна партија уште повеќе се фокусираме кон реализација на проекти кои имаат за цел да го направат Скопје позелена и почиста метропола.

Последни вести