fbpx

Нема да дозволиме внатрепартиската битка во ДПМНЕ да го блокира Собранието, Законот за надворешни работи го повлекуваме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За време на мандатот ВМРО-ДПМНЕ испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства што е спротивно на закон.

Го правеле тоа со безобзирно прекршување на Законот за надворешни работи.

За тоа многу добро знае претседателот на собраниската комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ.

Целта требаше да биде да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ држвјанство.

Овој ист закон, со ист текст беше во процедура и во минатиот пратенички состав и тогаш ВМРО-ДПМНЕ немаше никаква забелешка, ниту пак поднесен еден амандман. Тогаш беше истиот претседател на собраниската комисија. Сега, во контекст на другите политички случувања во неговата партија, само глумат наводен патриотизам. Очигледна е блокадата и деструкција на се што работи Собранието наместо јавно да ги искажат забелешките во конструктивен правец.

6 пати губат на избори и никако да ја научат лекцијата.

Ние нема да дозволиме некој да прави личен театар и да бие внатрепартиска битка во ВМРО-ДПМНЕ правејќи театар од Собранието.

Затоа ќе го повлечеме предлог законот од процедура.

Нема да дозволиме политиканство, нема да дозволиме деструкцијата на ДПМНЕ и нивната внатрепартиска битка да ја закочи работата на Собранието.

Последни вести