Соопштение за јавност
Буџетот за 2021 година е развоен, скроен да одговори на сите предизвици од коронакризата, но и да обезбеди реализација на капитални инвестиции и економска стабилност, порача денеска во своето обраќање во Собранието, пратеничката Даниела Марковска.
– Владата на Република Северна Македонија, во периодот од 2021 -2025 година, ќе се фокусира на имплементација на капитални проекти во износ од 3, 1 милијарди средства, и тоа од буџетски средства ќе се издвојат за финансирање околу 1, 16 милијарди евра, донација преку ИПА фондовите 112,8 милиони евра, и со средства меѓународни билатрални кредитири во износ од 1,84 милијарди евра, порача Марковска.
Во своето обраќање, Марковска ги оцени како оачјни критиките на опозицијата дека Владата недоволно инвестирала во развој на инфраструктура.
– Дека Вашите критики се производ на очај, доказ се податоците од Министерството за транспорт и врски, во изминатите три години има најмногу проекти. Завршени се 23 патни правци со вкупна должина од 243 км во вредност од 54, 6 милиони евра. Исто така преку Министерството за транспорт и врски во тек се 29 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа во вредност од околу 13 милиони евра. За прв пат се гради во Визбегово канализација и водовод, се со цел за подобри услови за работ ана компаниите и привлекување на нови инвеститори. За прв пат се град канализација во Арачиново, во населенето место Волково изградени се 7 км феклна канализација, со што остануваат уште 13 км, со што целосно ќе се покрие, посочи Марковска, додавајќи дека средствата во Буџетот за 2021 година гарантира ефикасна реализација на капиталните инвестиции во инфраструктурата.
„Од средствата во Буџетот за 2021, ќе продолжиме и понатаму да ги реализираме капиталните проекти како и досега и тоа во патната и железничката инфраструктура, енергетската инфраструктура, комуналната инфраструктура, капиталните инвестиции за поддршка на земјоделството заштита на животната средина, како и главни приоритети ќе бидат капиталните инвестиции кои се однесуваат за подобри услови во здравствениот, образовниот и социјалниот систем“, заклучи Марковска.