Соопштение за јавност
ВМРО -ДПМНЕ немаат компас, целосно се дезориентирани во просторот и времето, шират дезинформации за реформата во образованието и ги плашат учениците, наставниците и граѓаните.
Новата концепција на образованието треба да понуди основна едукација на децата, на идните генерации граѓани да разликуваат вистински од лажни вести.
ВМРО-ДПМНЕ по 11 години владеење, остави хаос во образованието и го доведе образованието на дното на сите ранг листи, според домашните и меѓународни истражувања.
Неквалитетни учебници, полни со дискриминаторски содржини и материја несоодветна за возраста на учениците, проектот Кембриџ, чии учебници воопшто не се одобрени од Меѓународниот институтот Кембриџ, кој не бил ни вклучен во развојот на наставната програма по која сѐ уште се предава во училиштата.
За разлика од ВМРО ДПМНЕ која плански го уништуваше образованието, Владата предводена од СДСМ создава современо образование за секое дете, која ќе ја движи државата напред и го враќа достоинството на наставниот кадар.
Оваа влада знае да гради, негува и унапредува вистински вредности. За првпат се воведени се стипендии за студентите на студиите по македонски јазик и книжевност.
После 11-годишното уништување од страна на ВМРО-ДПМНЕ на образованието му е неопходна сеопфатна реформа, а неговото реформирање започнува од темелите – од основното образование.
Промените кои следуваат треба да се основаат на интердисциплинарен пристап, кој ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини.
Ова е сосема различно од образованието во време на ВМРО-ДПМНЕ, кое се темели на бледи факти и не им овозможува на учениците да ги развиваат аналитичките способности, да напредуваат, да размислуваат и делуваат критички.