Соопштение за јавност
Прочистување на правосудството е првиот приоритет на новата стратешка рамка „Акција 21“ со која Владата предводена од СДСМ ги поставува европските стандарди во нашата држава, ја носи Европа дома.
Длабоките и суштински реформи во правосудството, преку ефикасно и објективно прочистување на судството и обвинителството влегуваат во своето финале.
Со Законот за јавно обвинителство, донесен и покрај опструкциите на опозицијата се обезбедува продолжение на предметите за висока корупција. Високи функционери, министри, веќе издржуваат затворски казни за тешки кривични дела.
Во завршна фаза е моделот за прочистување на судството, по кој сите судии ќе бидат оценувани за тоа како воделе постапка, како изведувале докази и сослушувале сведоци, а особено за тоа како постапувале со предмети кои се доведени до застарување.
Во оваа активност е вклучена и проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција.
На почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашни експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ.
Додека Мицкоски стои на браникот на криминалот, СДСМ забрзано работи на воведување европските стандарди дома, на градење силна, независна правна држава и неселективно владеење на правото.