Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по повод големиот празник Рождество Христово Божиќ во свое, и во име на СДСМ упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Северна Македонија, Д-р Киро Стојанов.
„До сите верници кои денеска го слават големиот христијански празник Рождество Христово Божиќ, упатувам срдечни честитки со искрена желба за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови кои следат.
Славејќи го раѓањето на Христа, го славиме животот, ја славиме љубовта, но и меѓусебната почит и помагање.
Оваа година беше тешка за сите и овие празници ги одбележуваме во вонредни околности, одговорно, со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Имаме верба, заедно сме, и заедно ќе успееме. За подобро утре за сите нас.
Драги сограѓани, да продолжиме да негуваме добри мисли, да веруваме, да правиме добри дела, да се почитуваме и помагаме како денеска така и во секој ден од годината што доаѓа. Тоа е предуслов за добар и спокоен живот на сите граѓани.
Нека ви е честит големиот празник Рождество Христово Божиќ“