fbpx

Мицкоски продолжува да шири невистини, искористувањето на европските средства се одвива непречено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Губитникот Христијан Мицкоски продолжува со серијалот на дезинформирање, лажење на јавноста и неодговорно ширење на лажни вести.

За да се зборува за искористувањето на европските фондови треба да се има елементарно познавање на комплексниот процес на искористување на европските средства од различни извори на финансирање.

Со средствата од ИПА2 (2014-2020), во вредност од 110 милиони евра наменети за секторот транспорт, Република Северна Македонија рапослага директно. Во овој период не се загубени никакви средства, туку се користат за проекти од железничката и патната инфраструктура.

Министерството за финансии, води одговорна фискална политика, за задржување на задолженоста во одржливи рамки и затоа со многу голема внимателност проценува за кои проекти ќе даде согласност во рамките на механизмот за финансирање на големи инфраструктурни проекти – инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF).

Република Северна Македонија одговори на повикот на WBIF и ќе аплицира за нови грантови, меѓу кои и за железничкото поврзување со Република Бугарија, со што ќе се намали стапката на задолжување.

За потсетување токму во времето на владеeњето на ДПМНЕ, WBIF два пати одби финансирање на втората фаза од оваа траса во износ од 70 милиони евра.

За среќа, Владата предводена од Заев е способна и за разлика од ДПМНЕ, на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Трст во 2017 год. успеа да ги обезбеди овие средства.

Неточно е и тврдењето дека не се обезбедени средства за справување со социо-економските последици од пандемијата.

Со репрограмирање на Наградата за успешност на ЕУ за Република Северна Македонија за 2020 година, 30 милиони евра беа инјектирани како бескаматни кредити со грантова компонента за микро и мали претпријатија преку Македонската банка за поддршка на развојот, а 10 милиони евра за поддршка на активните мерки за вработување преку Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Владата предводена од СДСМ од ЕУ ја доби Наградата за успешност, заради своите извонредни реформски достигнувања во изминатите три години, што е неспоредливо повеќе од средствата кои што ги добија другите земји од регионот.

Христијан Мицкоски од ЕУ доби потврда дека е дезинформатор.

Последни вести