Соопштение за јавност
Добро е позната праксата на ВМРО-ДПМНЕ да се опструира и блокира се што може да се блокира, нагласи пратеникот на СДСМ Коста Костадинов во разговор за „Утрински брифинг“.
Во врска со вчерашната седница која пратениците од опозицијата ја блокираа со свирежи и навреди при дискусија за Законот за инвалидски организации Костадинов истакна дека во Собранието се има впечаток дека нема нив кој да ги координира.
– ВМРО-ДПМНЕ дејствува како банда без команда, од една страна е Христијан Мицкоски кој е надвор од Собрание, од друга страна го имаме Антонио Милошоски, од трета страна го имаме Ѓорѓија Сајковски кој е на линијата на Мицкоски, од четврта страна е Игор Јанушев, кој е разрешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, оцени Костадинов, додавајќи дека кога координаторот на нивната пратеничка група се согласил дека седницата треба да продолжи по 18 часот, а од нивната пратеничка група велат не биле информирани и бараат кревети, порача Костадинов додавајќи дека мнозинството е стабилно и единствено кога станува збор потребите и интересите на граѓаните.
– Јас не знам што инвалидните организации им згрешиле на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, за истиот закон беа пријавени преку 30 од нив за дискусија, а сите имаа идентична дискусија, имаат 2-3 соопштенија напишани од партија и какао расипан грамофон ги вртат само тие 3 тези, што се апсолутно неиздржани, рече Костадинов.
Тој додаде дека не е само вчерашниот ден и обидот за блокада и деструкција на ВМРО-ДПМНЕ, туку блокираат низа закони кои од особена важноста за граѓаните какао Законот за административни работници, Законот за работни односи, Законот за внатрешни работи, Законот за здравствена заштита, со кој предвидуваме лекарите, кои исполнуваат критериуми за пензија за време на оваа светска пандемија да продолжат да работат до 67 години.
– И тоа го блокираа, блокираа заем од Светска Банка од 90 милиони долари, кој во најголема мера беше наменет за здравствените установи и здравствените работници, го блокираа Деловникот, измените, со кои се предвидува пратениците кои се позитивни или имаат решенија за изолација да можат онлајн да присуствуваат на седниците, што го прави целиот развиен свет, истакна Костадинов.
Вчера беше 24 декември рече Костадинов,, годишнина од црниот понеделник, и при свирежите и навредите од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, им реков немојте да ги будите духовите, а пратеник од опозицијата ми одговора, вели, сега вас ќе ве тепаат.
– Со таквата реторика, со таквите постапки во афект, како што беше нивниот афект на 24 декември, а потоа и на 27 април, сакам да верувам дека институциите се подготвени да спречат таква нова појава, но јас не знам на што се е подготвена ВМРО ДПМНЕ, нагласи пратеникот на СДСМ Коста Костадинов.