fbpx

Со ,, Акција 21″ ги искористуваме сите економски потенцијали

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

СДСМ како одговорна партија, цврсто поставена на европскиот пат, е фокусирана на отворање можности за нови економски потенцијали, врамени во „Акција 21” , со што Европа ја носиме дома.

2021 година ќе биде година на излез од кризата предизвикана од коронавирусот. За таа цел ќе ги искористиме сите економски потенцијали што ни стојат на располагање.

Една од нив е индустријата за одгледување канабис за медицински цели, како и за производство на продукти од оваа билка.

Канабисот е една од најдинамичните индустрии во светот. Покрај придонесот во лекувањето на одредени болести, оваа индустрија во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места и токму затоа и понатаму е потребна поддршка на компаниите кои влегуваат во овој бизнис.

Оваа дејност отвора големи пазари и со донесувањето на измени и дополнувања на Законот за опојни дроги во Собранието, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови високо платени работни места за нашите граѓани.

Според проценките, годишниот прилив на средства од оваа дејност е предвиден на околу 250 милиони евра.

Како следен приоритет во “Акција 21” се постапките за измени или дополнувања на Законот за данок на имот, на законските можности за легализирање на автомобилите со странски таблички, како и за можностите за стимулирање и погодности за ставање во функција на кеш парите коишто граѓаните ги чуваат дома или на парите од заштеда или добивка.

Ставањето на овие пари, од таканаречениот наречениот „мртов капитал“, којшто се чува на несигурни места во домашни услови, ќе донесе добивка за граѓаните, раздвижување на финансискиот пазар, нови инвестиции, а и можност за отворање на нови работни места.

Следува и приватизација на државното земјоделско земјиште, согласно строго утврдени критериуми. Според анализите, земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост вреди повеќе од 2 милијарди евра, а се очекува прилив од 200 до 300 милиони евра или 10 до 12% од тоа што би се продало согласно интересот на граѓаните и на домашните компании.

Почитувани,

“Акција 21”, Европа дома, значи подобар живот за секој македонски граѓанин, нови можности за развојна, силна и стабилна економија, грижа и просперитет во секоја сфера.

Последни вести