Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Секогаш кога се работи за прашања важни за државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ или нема став или ако го има е целосно спротивен на интересите на граѓаните и државата.
Така е со пописот, на чие спроведување согласно прописите и стандардите на ЕВРОСТАТ, ВМРО-ДПМНЕ силно се противи.
ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Мицкоски се збунети, соочени со внатрешни превирања, но тука не можеме да им помогнеме.
Пописот не е и не смее да биде политичка операција како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните не сакаат пописот да биде политичка политичка операција туку статистичка, како што е правилно.
Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пропадна и се потрошија над три милиони евра народни пари.
18 години не е спроведен попис во земјава и недозволиво е да се одложува затоа што е потребен за развојот на татковината. Република Северна Македонија конечно ќе добие попис според меѓународните прописи и стандарди на ЕВРОСТАТ, колку и тоа да им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.