fbpx

Опаѓа притисокот врз здравствениот систем, сите да славиме одговорно за да избегнеме нов пик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Прв пат по подолго време во нашата држава е забележано намалување на бројот на новоинфицирани од коронавирусот, се намалува факторот на преносливост, како и бројот на пациенти, кои треба да се хоспитализираат.

Опаѓа притисокот врз здравствениот систем, болниците ширум државата се полупразни, а доскоро беа и без слободни места. На Инфективната клиника после сериозно долг временски период има слободни над 30 кревети, а на интерните клиники над 100 слободни кревети.

Последните мерки, со затворањето на угостителските објекти дадоа сериозен ефект во намалувањето на новоинфицирани случаи.

Намалувањето се должи и на свеста на граѓаните и совесното и одговорно почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот..

Бројките паѓаат, притисокот врз здравствениот систем се намалува, болниците почнуваат да се празнат но се може многу лесно да се смени и повторно да ги гледаме сликите и бројките од пред петнаесетина дена, доколку не се почитуваат препораките и мерките за Нова Година и празниците кои следат.

Полицијата ќе работи интензивно за време на Новогодишните празници и на тој начин ќе се избегне евентуална нова криза во здравствениот систем.

Неопходно е за претстојните празници, да се грижиме за сопственото здравје, за здравјето на нашите најблиски и за јавното здравје, да празнуваме одговорно.

За да продолжи надолниот тренд на намалување на заболените да ги почитуваме мерките, да носиме маски, да држиме дистанца, да не се групираме.

Да празнуваме одговорно, без прослави, туку со скромно одбележување на празниците, за здравјето и за иднината се работи.

Последни вести