fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски ни по шест порази никако да го слушнат гласот на народот, продолжуваат да работат против граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ на чело со губитникот Христијан Мицкоски, продолжува со деструктивните политики кои се на штета и на граѓаните и на државата, иако шест пати за четири години беше поразена на изборно соочување со граѓаните, а нивните лаги и манипулации секојдневно се разоткриваат и демантираат.

Поразите се нижеа од 2017 година од локалните избори кога Мицкоски беше носител на листа на Град Скопје, преку локалните избори во Охрид и Ново Село, референдумот, претседателските избори, предвремените парламентарни избори до последниот пораз на блокадите и опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Ниту заслужените изборни казни на Мицкоски, ниту разобличените лаги, манипулации демантирани и од странски амбасади, не се доволни за ВМРО-ДПМНЕ да ја научи лекцијата да биде партија на страната на народот.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, кој од ЕУ е посочен како дезинформатор, продолжува да работи против граѓаните, ги поткопува државните позиции, се обидува да наштети на секој напредок на државата, да го опструира здравствениот систем, работата на парламентот и упорно шири лаги и измислици.

Лажеа дека се распродава македонскиот идентитет, лажеа дека земјата се распарчува, дека 100.000 луѓе останале без работа, дека во државата ќе се населат два милиони Африканци, дека предметот историја се укинува во училиштата.

Шират невистини за пандемијата со коронавирусот од тоа дека нема доволно тестови и заштитна опрема, па до тоа дека не треба да се носат маски.

ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски никако да го слушне гласот на народот.

Граѓаните се одлучија за стабилна иднина и одговорни политичари кои носат храбри одлуки и обезбедуваат подобар живот за граѓаните.

Затоа Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ уште долго ќе останат во опозиција.

Последни вести