fbpx

Тасевска: Законот за попис овозможува независна статистичка операција и прибирање на квалитетни и точни податоци, клучни за сигурен и предвидлив развој на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година е важен законски текст, кој заслужува поддршка од сите пратеници, истакна денеска од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.

Таа нагласи дека секоја држава членка на ООН има задолжителна обврска да спроведе попис и дека во нашата држава треба да се исполни празнината од цели 18 години без попис.

Република Северна Македонија има недостаток од квалитетни статистички податоци, а со овој закон се овозможуваат услови за независна статистичка операција со која ќе се прибават квалитетни географски, демографски, економски, карактеристики на лицата со посебни потреби, образовни, етничко-културолошки, миграциони, религиозни карактеристики за населението, домаќинствата и граѓаните во Република Северна Македонија, нагласи Тасевска.

Таа нагласи дека законскиот текст за пописот се заснова на транспарентност на процедурите и постапките во реализација на пописот, неутралност и објективност во сите фази на пописот, стручна независност на надлежните органи и користење на научни основи во методолошкиот пристап и подготовката на резултатите, доверливост и заштита на индивидуалните податоци од пописот.

Тасевска, упати апел до сите пратеници да го поддржат законот за попис.

Треба да овозможиме сигурен и предвидлив развој на земјата, стратешкиот развој на сите институции во државата мора да се базира на квалитетни и точни податоци, порача пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.

Последни вести