fbpx

Мицкоски, попис ќе има, бадијала кочиш и блокираш, по шест порази не ја научи лекцијата дека со деструктивност не можеш ништо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како по обичај, докажаниот губитник Христијан Мицкоски секогаш работи против интересите на граѓаните и државата.

Единствениот кој го политизира спроведувањето на пописот е самиот Мицкоски затоа што не знае ништо друго освен да кочи и блокира се што е ваѓно за државата.

Несериозно е да се бара методологија за пописот кога се уште не е донесен ниту Законот за попис на населението, а уште понесериозно и понеодговорно е да се тврди дека попишувањето ќе се одвива само преку матичен број на граѓаните.

Пописот ќе се спроведе согласно прописите на Евростат, а податоците ќе бидат споредени со базите на 10 различни инситуции.

Ако Мицкоски навистина не знае кои се тие институции кои имаат податоци за граѓаните, како што тврди, тогаш го упатуваме помош да побара од правната служба во сопствената партија, тие ќе му објаснат.

Заканите за собирање потписи за наводни референдуми, па потоа за законски решенија не се ништо друго освен очаен блеф на Мицкоски кој преку ова гледа начин да си ја спаси фотелјата во белиот дворец.

Тој филм Мицкоски нема да го гледа. Република Северна Македонија оваа пролет ќе спроведе попис на населението по цели 19 години, откако последниот во 2011 година, не успеа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени. И по шест порази. Мицкоски не ја учи лекцијата, не разбира дека со деструктвност и ситно политиканство не може ништо да постигне.

Последни вести