fbpx

Попис оваа пролет ќе има, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски тоа нема да го спречи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Република Северна Македонија има недостаток од квалитетни статистички податоци и токму затоа по речиси 19 години неопходно е потребен попис за да може државата подобро и порамномерно да се развива, да се креираат нови долгорочни развојни политики.

Пописот мора да се одржи оваа пролет, откако последниот во 2011 година, не успеа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, и никој не смее да го кочи или да го одолговлекува.

Мицкоски мора да сфати дека пописот е статистичка операција, а не политичка. Својата борба за фотелјата во белиот дворец треба да си ја води на други начини наместо да блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.

Законот за попис, кој поставува услови за независна статистичка операција, нема да биде повлечен од Собраниска процедура, ниту пак ќе се поддржат неразумни предлози за одлагање на пописот.

Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има по меѓународни стандарди.

Државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции, што значи дека не е возможно да се попишат лица кои не постојат.

Пописот обезбедува прибирање на квалитетни и точни информации, со кои се овозможува сигурен и предвидлив развој на државата.

СДСМ работи во интерес на државата, во интерес на сите граѓани и токму затоа немаме намера да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да спречи уште еден попис.

Последни вести