fbpx

Антиреформни беа погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ со кое образованието го турнаа на дното, со образовната реформа не се укинува ниту еден предмет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ никако да сфати дека сто пати повторена лага никогаш нема да стане вистина, но упорно и во очај секојдневно шири дезинформации и невистини.

Согласно јавно достапните информации, изучувањето на предметите Македоснки јазик и Историја продолжува и со новата концепција, затоа што се од суштинско значење за нашиот идентититет и воопшто не станало збор, ниту пак се планира нивно укинување.

За разлика од времето кога владееше режимската ВМРО -ДПМНЕ која никого не консултираше туку само имплементираше, целиот овој процес, како и многу процеси претходно, се води на крајно транспарентен начин и во широка консултација каде се вклучени буквално сите страни.

Антиреформи беа погубните политики на режимската ВМРО-ДПМЕ со која образованието беше турнато на дното, наставниот кадар беше понижуван, а учениците беа користени за експерименти на тогашната власт.

Единствена цел на образовната реформа е да создадеме образование кое ќе овозможи секое дете да го достигне својот полн потенцијал и кое ќе ги учи идните генерации на вистински вредности, а трудот на наставниците да биде вистински вреднуван.

Последни вести