Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ
Обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести, шпекулации, да спречат одржување на попис се злонамерни, деструктивни и на штета на државата и граѓаните.
19 години државата е без попис токму заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ која поради партиски калкулации не успеа да спроведе попис во 2011 година.
Законот за попис на населението кој е во собраниска процедура гарантира попис по сите светски стандарди и по сите прописи на Евростат. Оваа пролет, институциите ќе спроведат попис на кои ќе се добијат точни, квалитетни податоци, потребни за носење издржани среднорочни и долгорочни политики и стратегии.
По шест изборни порази јасно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат страв од граѓаните, но не треба да се плашат, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција, таму не можат да изгубат.
Доста се неразумни блокади, кочења, полиризација, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да спречат одржување на попис, тој ќе се одржи оваа пролет по сите меѓународни стандарди.