fbpx

Владата предводена од СДСМ продолжува со силна поддршка на македонското стопанство, 5,9 милиони евра бескаматни кредити за 506 компании

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Владата предводена од СДСМ во новата 2021 година преку одговорен, отчетен и инклузивен пристап, реализира политики што обезбедуваат економски раст, поконкурентна економија и подобар животен стандард за сите.

Во тек е процесот на креирање на петтиот пакет економски мерки со кој поддршката за домашната економија ќе продолжи уште повеќе и уште подобро.

Преку четири пакети антикризни мерки во домашната економија вбризгавме над една милијарда евра, спасивме стотици илјади работни места, помогнавме илјадници компании.

Дел од овие мерки е и КОВИД 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии, со која 5,9 милиони евра завршуваат кај 506 компании кои вработуваат 3.552 лица.

Оваа година ќе биде година на економски раст, со силна поддршка за македонското стопанство, со цел брзо надминување на негативните последици од коронавирусот.

СДСМ како одговорна партија продолжува со грижата за сите граѓани, за сите компании.

Последни вести