fbpx

Срамно е што Ковачки и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да го рушат угледот на Армијата и државата, нема да успеат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

 

Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба и во партиски интерес се обидува да ги наруши угледот на државата и Армијата. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и неговата партија беа на власт.

Тие се сработија токму кога тие заминаа во опозиција, и тоа од владата која толку сакаат да ја плукаат.

Срамно е овие теми да ги злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја. Ја држевте земјата 11 години во изолација, ги држевте војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови, заборавивте на НАТО. Сега кога сме членка на НАТО, кога војниците се финансиски обезбедени и мотивирани, се обидувате да злоупотребите безбедносни процедури да го урнисате авторитетот на вашите колеги, на Армијата и државата. Нема да успеете.

Последни вести