fbpx

Заев: Градоначалниците да им служат достоинствено на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Прашање: Претпоставувам дека ја следите состојбата со општина Лозово, огромен број на вработени се жалат на мобинг, минатата година најавивте дека ќе го испитате случајот. Дали сте запознати, дали можеби сте контактирале со градоначалникот особено што целата ситуација е во пресрет на локалните избори што следат?

Одговор: Мојата порака е таа којашто секогаш ја давам а тоа беше уште првиот момент кога најголем број од градоначалниците кандидирани и подржани од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија победија да не ми изигруваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено.

Во првиот пат кога беа реакциите лично разговарав со градоначалникот и секако добив соодветно објаснување и корекции за одредени работи. За новите настани не сум запознаен, оваа недела сигурно дека ќе реагирам заради тоа што јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита секако граѓанин е и градоначалникот но тој извршува сериозна одговорна функција, градоначалник на Општина Лозово.

Не знам детали не можам да инсинуирам било што но дефинитивно ќе се заинтересирам за случајот и ќе дадам прва прилика мој коментар по основ на вашето прашање.

 

Последни вести