Соопштение за јавност
Безидејното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски продолжува со деструкцијата и обидите да ги закочи реформите.
Последен доказ за тоа е најавениот протест на Независниот синдкат за образование и наука и нивните неосновани барања.
Јавноста треба да знае дека овој синдикат не е репрезентативен, туку партиски, воден од Томислав Гиевски, син на Ивица Гиевски советник во Бирото за развој на образованието и истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ.
Најавите за протести на НСОН се партиски мотивирани и целосно неосновани, реалноста говори дека како никогаш до сега е одговорено на сите барања на наставниците.
За првпат во нашата држава се креира реформа на исклучиво транспарентен начин со целосна вклученост на сите засегнати страни, каде од самиот почеток на создавањето на реформата се вклучени и се консултираат наставниците.
Во однос на барањето за исплата на двојно зголемениот работен учинок на наставниците од прво до трето одделение, ако Гиевски се водеше од синдикални, а не од партиски интереси, ќе знаеше дека Министерството за образование и наука уште во месец октомври испратило писмо до сите училишта дека за наставниците кои извршуваат работни задачи повеќе од полното работно време треба да им се исплати надоместок за прекувремена работа за што обезбедени се и блок дотации за општините.
Барањето за исплата на плата во законски предвидениот рок и во висина согласно колективниот договор е целосно неосновано. Платите се исплаќаат согласно законскиот рок и договорите. МОН редовно и навремено ги уплаќа блок дотациите кон локалните самоуправи.
Наставниците треба да се спокојни и да не веруваат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните наменски креирани синдикати. Ниту еден наставник нема да ја изгуби работата поради реформата. Буквално никој нема да остане без работа, напротив за нив се отвораат нови можности за напредок во кариерата, личен развој и повисоки приходи.
Јавноста по кој знае кој пат повторно сведочи на деструктивно, неодговорно и незрело однесување на опозициската партија. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која знае само за блокади, за креирање поделби и пласирање лажни вести. Затоа уште долго остануваат во опозиција.