fbpx

СДСМ постојано се унапредува, демократизира, модернизира, во тек е постапка за ажурирање и активна регистрација на членството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Постапката за ажурирање на членството на СДСМ и активна регистрација на секој член е во тек.

Оваа постапка започнува од најмалите организациони единици на партијата, месните одбори, чии тимови ќе го посетат секој член на СДСМ низ целата држава, секако почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот.

Понатаму постапката, целосно транспарентно и одговорно, продолжува во комисиите на општинските организации па се до највисоките партиски органи и до Централниот одбор.

Активната регистрација, ќе може да се реализира и преку самостојно онлајн пријавување, во електронска форма.

Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе се заокружи со издавање на нови, модерни електронски членски картички, персонализирани за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални.

Ажурирањето на членството на СДСМ и активната регистрација, што ќе трае до 25 февруари претставува исчекор кон поголема внатрепартиска демократија.

Оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите на непосредни внатрепартиски избори.

Ова за прв пат ќе се случи во нашата држава и го воведува токму СДСМ, партија која постојано се менува, унапредува, демократизира, модернизира.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија победува, но постојано се менува! Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас, на нашиот народ и на нашата македонска татковина да и понудиме нови успеси!

Последни вести