fbpx

За само три години ги зголемивме пензиите за над 1.800 денари, ВМРО-ДПМНЕ со години земаше од пензионерите и постојано е против поголеми пензии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, така е и сега кога над 320.000 пензионери добиваат повисоки пензии преку законското усогласување на пензиите.

Безидејната ВМРО-ДПМНЕ лаже дека пензиите се намалувале. Напротив, за само три години додека СДСМ ја предводи Владата, пензиите во просек се зголемени за над 1.800 денари.

Лицемерната загриженост не е ништо ново во белиот дворец, оваа партија додека беше на власт о години земаше од пензионерите, пензиите ги усогласуваше надвор од законот и пред избори, а како опозиција со сите сили се противеше на покачувањето од 722 денари месечно на пензиите во 2020 година.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ; Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа за пензионерите. И во време на светска здравствена и економска криза пензиите, ниту се кратат, ниту се замрзнуваат, напротив, тие зголемуваат согласно законот.

Наместо да шири лажни вести и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ може да учи што значи одговорно работење и вистинска грижа за сите граѓани.

Последни вести