Прес-конфреција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со одговорни политики што значат вистинска поддршка за македонското стопанство и за граѓаните.
Одобрени се две групи кредитни барања од КОВИД 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии
Преку двете групи, досега вкупно се одобрени 1.276 кредитни барања од компании кои вработуваат 9.450 лица, во вкупен износ од 14,7 милиони евра.
Од нив 715 се мали компании, 475 микро компании, 67 се трговци поединци и 19 се занаетчии.
Овие бескаматни кредити ќе им помогнат на компаниите кои се најмногу изложени на ризик но истовремено им овозможуваат да продолжат со работа во пост-ковид периодот и ги надминат предизвиците.
Преку навремени, ефикасни мерки Владата предводена од СДСМ реализираше четири пакети антикризни мерки вредни над една милијарда евра со која се спасија стотици илјади работни места и им се помогна на десетици илјади компании.
За успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ говори и фактот што и во услови на пандемија, постои раст на бројот на работни места во Технолошко-индустриските развојни зони. Во овие компании, во моментов има вкупно ангажирани 14.067 лица што е зголемување за најмалку 0,6% во однос на 2019 година.
Почитувани,
Помошта за домашната економија, поддршката за граѓаните, не застанува тука. Финализира подготовката и на петтиот пакет економски мерки за консолидација на македонското стопанство.
Веќе е донесена и првата мерка укинување на увозните давачки – царинските стапки за 71 одделна суровина и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија.
Оваа меркa во вредност од 7,1 милиони евра, има за цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи зголемување на нивната конкурентност во услови на пандемија
СДСМ како одговорна, државотворна партија останува силно посветена на спас на секое работно места, на помош и поддршка на секој граѓанин.
Преку одговорни економски политики преземаме чекори за брзо надминување на економските последици, рестарт на економијата и враќање на претходните стапки на раст.