Соопштение за јавност
Собранието на Република Северна Македонија денеска го усвои Законот за попис на населението, со што државата ќе спроведе попис по цели 19 години од последниот успешен попис реализиран во 2002 година. Ја поздравуваме одговорноста на пратениците преку носењето на ова законско решение.
Државата, институциите, пред се Државниот завод за статистика, се подготвени и имаат капацитет да спроведат и ќе спроведат попис согласно сите меѓународни стандарди и согласно прописите на Евростат.
Пописот е битна статистичка операција кој ќе обезбеди целосни, квалитетни и релевантни податоци кои се важни за натамошно креирање и реализирање на долгорочни политики и стратегии за развој на државата.
Никој не смее да го партизира спроведувањето на пописот, а повиците за негов бојкот се повици за кршење на законите.
Одново се поразени деструкциите и обидите за блокади на антидржавното и антинародно ВМРО-ДПМНЕ предводено од докажаниот губитник Христијан Мицкоски.
Не успеаја нивните обиди да се блокира носењето на овој важен закон, не успеаја обидите државата да остане без оваа важна статистичка операција, попис оваа пролет ќе има.