fbpx

СДСМ посветена на подобар животен стандард за граѓаните, просечната плата зголемена за 7%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Успешните економски политики што ги креира и реализира СДСМ даваат позитивни резултати и во време на најтешката глобална здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Просечната плата во државата на годишно ниво бележи раст од 7%, односно 1800 денари, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика.

Според истиот извор, просечната плата во ноември 2019 година изнесувала 25.787 денари, а во истиот месец 2020 година е зголемена на 27.588 денари.

СДСМ како одговорна партија посветено работи за подобар животен стандард за граѓаните, создавање услови за рестарт на економијата и уште побрз раст на платите.

Последни вести