fbpx

Собирањето потписи од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи спроведувањето на пописот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

Прашање: Доколку иницијативата што почна да ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ и успее да собере 10.000 потписи, дали има реална можност да го спречи спроведувањето на Законот за попис, дали мора да се повлече Законот?

Одговор: Собирањето на потписите треба да се истера како процедура до крај. Пописот не може да биде спречен без донесување на легален правен акт кој ќе го спречи односно ќе го одложи или ќе го укине овој Закон. До овој момент и се додека трае и е во сила Законот кој вчера беше изгласан, пописот ќе биде спроведен. За да се поништи овој закон треба правен акт со кој се поништува Законот за попис за да може да се спречи одржувањето на пописот. Формално правно да, меѓутоа затоа реков целата процедура да се истера. Само собирањето на потписи само по себе не значи ставање вон сила на овој Закон.

 

Последни вести