Одговор на новинарско прашање, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ
П: Како ја коментирате најавата од ВМРО-ДПМНЕ за собирање на потписи за поднесување на закон за поништување на законот за попис, дали можеби очекувате бојкот на опозицијата и оптрукција за спроведувањето на пописниот процес?
Оваа иницијатива, односно овој начин на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ околу собирањето на потписи и воедно повикувањето на бојкот на граѓаните за да го бојкотираат пописот е крајно антидржавно однесување. Се надеваме дека во наредниот период ќе ги преиспитаат своите одлуки околу собирањето на потписи заради тоа што деструктивното однесување и повикувањето за непочитување на законот за попис којшто е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на понатамошните политики особено во однос на економијата.