Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и покажува основно непознавање на функционирањето на јавните набавки.
Лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на двегодишен договор за рамковна набавка на градот Скопје.
За потсетување, рамковна набавка значи дека договорниот орган нема обрска да ги потроши сите средства.
Така според јавно објавени информации, од договорот за претходните 2 години не е потрошена ни третина од средствата.
Истата набавка била спроведувана и од претходните градоначалници при што биле трошени неколкукратно повеќе средства.
Додека ВМРО-ДПМНЕ трошеше на јазици од бизони, СДСМ со јавните пари се однесува одговорно и троши исклучиво во согласност со потребите, ниту денар повеќе.